Доделени сертификати на учесниците на обуките за подготвеност за вработување и работа -Тетово

На  4 април, на учесниците на обуките за подготвеност за вработување и работа им беа доделени сертификати како знак на успешно завршениот циклус обуки.  

Доделени сертификати на учесниците на обуките за  подготвеност за вработување и работа  -Тетово

Во периодот од 13-17 февруари, локалниот центар на Младинскиот образовен форум  во Тетово реализираше четиридневни обуки за млади лица на возраст од 18-27 години, кои не се во процес на образование и не се пријавени во Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Вкупно 25 млади лица се обучија како полесно да се вработат, како да состават CV, мотивациско писмо, како да се однесуваат на работното место, како да ги надградат комуникациските вештини и тимската работа. Резултатите веќе се видливи. Дел од учесниците за краток период успеаја да се вработат или да волонтираат во некоја јавна институциј или приватна компанија.

Обуките се дел од проектот „Младинска мрежа за стекнување на вештини за вработување и работа“ ( ЈЕС Мрежа ), поддржан од УСАИД.

Бобан Костадиновски