Доделени признанијата за „Најбезбедно и најчисто училиште“

Гевгелиското основно училиште „Владо Кантарџиев“ и скопското средно училиште СУГС „Владо Тасевски“ победија на конкурсот за „Најбезбедно и најчисто училиште“. Конкурсот се реализа втора година по ред, од страна на Министерството за образование и наука и ОБСЕ.

„Наша задача е да се грижиме за безбедноста на секое училиште, но исто така, заедно работиме и на подигнување на свеста на учениците кога станува збор за одржување на хигиената во нивните училници, во училишните дворови и училишните спортски сали“, изјави министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми кој заедно со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, Маријане Берец, денеска ги доделија признанија на училиштата победници.

Од основните, второто место му припадна на ОУ „Климент Охридски“ од с.Драчево, а на трето место се најде ООУ „Климент Охридски“ од Македонски Брод.

За најбезбедни и најчисти средни училишта второто место му припадна на СУГС „Никола Карев“ од Скопје.

Годинава на конкурсот за „Најбезбедно и најчисто училиште“ се пријавиле 8 основни и 6 средни училишта