Второто место во истата категорија ѝ припадна на Маја Златевска за фотографијата „Поглед“ објавена во дневниот весник Дневник, а третото на Томислав Ѓеоргиев за фотографијата „Migrant Cold“ објавена во неделникот Фокус.
Во категоријата напис или серија написи првата награда ја доби Марија Тасев за написот „Во моето убаво Алепо сега има само барут и смрт“ објавен во Дневник. Втората награда во оваа категорија ја доби Адмир Фазлагиќ од агенцијата Анадолу за написот „Слепиот сириски бегалец Леис: Музиката е мојот живот“, а третата ја доби Мери Јордановска за написот под наслов „Заборавени на балканската бегалска рута“ објавен на интернет страницата Призма.
Во категоријата емисија, прилог или краток документарец, првото место ѝ припадна на Милка Смилевска за прилогот „Заглавени во меѓузоната“ објавен на телевизијата Ал џезира, второто место на Искра Опетческа за прилогот „ Живот под отворено небо, секој 113 човек во светот е бегалец“ објавен на ТВ21, а третото на Лепа Џундева за прилогот под наслов „Сириски уметник твори во прифатен центар“ објавен на телевизијата Алфа.