Доделени наградите за најдобрите студенти на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ги додели наградите и пофалниците на 21 најдобро дипломиран студент во учебната 2014/2015 година на УКИМ.

Во рамките на свеченоста беа доделени и наградите „26 јули” на најдобрите студенти во учебната 2015/2016 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите, како и од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.

Фото: МИА

Наградата „26 Јули“ ја добија седум редовни студенти од завршниот семестар од прв циклус студии со просечен успех остварен во текот на студирањето со најмалку 8. Наградата изнесува 11.000 денари за секој студент, обезбедена од Фондацијата „Франк Манинг“ од Лондон.

Наградата од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ ја добија 12 студенти од Машинскиот, Медицинскиот и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Најдобрите студенти од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ покрај пофалница добија и преносен таблет-компјутер.