Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги додели наградите за истражувачко новинарство за 2016 година. Наградата за најдобра истражувачка сторија за 2016 година му припадна на новинарот Александар Димитриевски за сторијата „Субвенции за растително и сточарско производство“, објавена на истражувачката мрежа Призма.

Втора награда доби Зоран Јовановски со сторијата „Пеплишта на смртта“, објавена во емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија. Наградата за најдобра сторија на млад новинар ѝ припадна на Славица Филиповска за темата „Бугарски пасоши за чиста Македонија“, која беше објавена, исто така, на емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија.

 

Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство се доделува трета година по ред, а за 2016 година се пријавиле 26 автори со 32 стории.