Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Амбасадорот Дејвид Гир денеска ги додели наградите од Европска Унија за истражувачко новинарство за стории објавени во 2019 година, при што првата награда припадна на „Investigative Reporting Lab Macedonia“ (ИРЛ)  за сторијата „Урбани атентатори“.

Втората награда заеднички ја освоија Миомир Серафиновиќ, Билјана Николовска и Снежана Лупевска Созен за нивната сторија на ТВ Код „Убиства во Кичево – осуден на доживотна казна и прогласен за виновен за убиство што не го сторил“.

Третата награда е за Петар Клинчарски за неговата сторија на ТВ програмата 360◦ „Денационализацијата заглавена во корумпираност и неспособност на институциите“.

Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција и е дел од тековниот проект „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од ЗападенБалкан и во Турција“, администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации.