Доделени десет стипендии за средношколци со просек под 3.9

Избрани се десеттемина стипендисти кои во рамки на проектот „Образованието е повеќе од просек 5.0”, ќе ги посетуваат програмите за едукација на „Џолев и уметностите” и на „Семос едукација”. Проектот беше наменет за сите средношколци кои во изминатата учебна година имале просек помал од 3.9.

Целта, како што велат организаторите, е да го подигне моралот и самодовербата кај учениците кои во одреден момент поседуваат помал просек. На конкурсот пристигнале вкупно 386 апликации. Основните програми за кои аплицираа средношколците од програмата на „Џолев и уметностите се фотографија, цртање, вајарство, сликање, филм и филмски актер, моден дизајн, психологија, естетика, постпродукција на фотографија и стилски вежби за пишување.

Во однос на апликациите во Семос едукација, средношколците биле најзаинтересирани за Microsoft Office, Adobe авторизирани и Autodesk авторизирани обуки кои ги обезбедува оваа образовна институција што нуди меѓународно признаени сертификати.

Избраните стипендисти ќе добијат 10 целосни стипендии во износ од 100.000 денари.