Доделена наградата Манинг на најдобрите студенти од УКИМ

Осуммина најдобри студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје ја добија наградата од Фондацијата „Франк Манинг“ од Лондон.

На УКИМ почнува пријавувањето за упис за 2014/2015

Наградени се Васка Бојаџи и Константин Битраков од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сања Таневска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Ана Гладкова од Факултетот за ликовни уметности, Анита Буровска и Михајло Ганзовски од Економскиот факултет, Валентина Ѓорѓиевска од Филозофскиот факултет и Костандина Ангелова од Архитектонскиот факултет.

По 35. доделувањето на наградата „Манинг“, во Ректоратот беше потпишан Меморандум за разбирање и соработка помеѓу УКИМ и Фондацијата за негување на македонското културно наследство „Македоника“.

– Согласно одлуката на ректорската управа и на Сенатот, Универзитетот веќе полека се ориентира кон електронското издаваштво. За таа намена донесовме и посебен правилник. Не затоа дека настојуваме хартијата и пишаниот збор да го изгубат она значење и чувство на земање книга во своите раце, туку електронското издаваштво треба да си го добие своето место во насока на поголема пристапност на учебниците, истакна Ректоратот на УКИМ,  Велимир Стојковски.

Меморандумот претставува започнување на соработка помеѓу Универзитетот и „Македоника“ во областите за дигитализација на постоечките учебници и стручна литература што ја користат студентите, воведување нови аудио-визуелни пристапи во идните изданија и во други проекти поврзани со македонскиот јазик, култура и идентитет.