Доделена Алтернативната Нобелова награда

Наградата „Правилно живеење”, позната и како Алтернативна Нобелова награда годинава ја добија тројца саудиски борци за човекови права, кои се во затвор, и двајца јужноамерикански активисти против корупцијата.

Алтернативна Нобелова награда е востановена 1980 година, во Стокхолм, Шведска, во чест на основачот на фондацијата „Рајт Лајвлихуд”, шведско-германкиот филантроп Јакоб фон Векскил, кој честопати велел дека Нобеловиот комитет ги занемарува.

Фондацијата соопшти дека првите 200.000 евра рамноправно ќе ги делат Абдула ал Хамид, Мохамад Фахад ал Катани и Валид Абу ал Хаир поради свои „визионерски и храбри напори, водени од универзалните принципи на човековите права, за реформирање на тоталитарниот политички систем во Саудиска Арабија“, се посочува во официјалната објава.

Почесната награда отиде кај Телма Алдана од Гватемале и кај Ивана Васкез од Колумбија, поради „својата иновативна работа на разоткривање на злоупотребите на властите и кривично гонење против корупцијата”.