Добротворна акција „Божиќна трпеза“ за помош на социјално загрозените семејства

Фондацијата „Уметност на живеење Македонија“ („Art of Living“) и годинава традиционално ја започна добротворната акција „Божиќна трпеза“ за помош на социјално загрозените семејства.

„Празничното расположение се уште е присутно. Домовите се подготвуваат за Божиќните празници. За таа цел, како и секоја година, Уметност на живеење ја започнува акцијата Божиќна трпеза. Секој граѓанин може да се вклучи со донирање на прехрамбени продукти за социјално загрозените семејства, кои ќе ги посетиме на 6 јануари 2015 год“, соопштуваат организаторите.

За повеќе информации може да се обратете на sonja_mala@yahoo.com.