Добротворен хакатон за невладини организации „KindHack“

Симфони Солушнс-Скопје го организира својот прв добротворен хакатон „KindHack”, кој ќе се одржи на 22 и 23 септември во нивните простории, а е наменет за невладини организации и институции кои имаат идеја за проект за кој им е потребнo ИТ познавање.

Хакатонот е можност за сите заинтересирани дизајнери, програмери и софтвер тестери да се соберат на едно место и да создадат креативни софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации. Сите учесници се поделени во тимови од 4 до 6 луѓе и имаат 48 часа да го решат дадениот предизвик.

Организациите со своите проекти проекти може да се пријават до 10 август. Може да аплицира секоја невладина организација која се занимава со решавање на социјални прашања (екологија, образование, рурален развој и сл.). Секоја невладина организација треба да има визија за софтверот кој сака да го развие. Организацијата која ќе биде избрана да учествува, ќе мора да достави детален проект- план, пред почетокот на хакатонот

Селекцијата на проекти за развивање на софтверско решение, доставени од невладините организации трае до 20 август. Избраната невладина организација треба да има претставник кој ќе биде присутен за време на хакатонот и треба да прати краток опис за својата организација и посакуваното софтверско решение на следниот линк: https://goo.gl/forms/zqWkIDw9fzghqnfH3

Повикот за сите заинтересирани учесници (дизајнери, програмери и софтвер тестери) на хакатонот ќе биде отворен на 20 август. Повеќе детали и информации, на Фејсбук, мејл tanja.zlatanovska@symphony-solutions.eu и телефон: 071 533 182.