Добитниците на Brit Awards 2016

Адел, Coldplay, Бјорк и Tame Impala се големите добитници на овогодинешните Британски музички награди.

Пејачката Адел доминираше на Brit Awards, добивајќи четири награди: британски женски соло изведувач, британски сингл на годината за Hello, Mastercard британски албум на годината и глобален успех.

Coldplay ја добија наградата за најдобра британска група, а Бјорк е наградена за најдобар интернационален женски соло изведувач.

Дејвид Боуви беше постхумно прогласен за икона. Во негова чест настапи новозеландската пејачка Lorde, која ја отпеја Life on Mars.

 

Ова е и комплетната листа на награди:

Британски машки соло изведувач: Џејмс Беј

Британски женски соло изведувач: Адел

Британска група: Coldplay

Најдобар нов британски изведувач: Catfish and the Bottlemen

Британски сингл: Adele – Hello

Mastercard британски албум на годината: Адел – 25

Британско видео на годината: One Direction – Drag me Down

Интернационален машки соло изведувач: Џастин Бибер

Интернационален женски соло изведувач: Бјорк

Интернационална група: Tame Impala

Глобален успех: Адел

Икона: Дејвид Боуви

Извор: NME