Добитници на конкурсот #ДрагГрадоначалнику

Разгледницата за состојбата во Охрид, на Владимир Трајановски е првонаградена на конкурсот на Радио МОФ #ДрaгГрадоначалнику со кој граѓаните беа повикани да покажат што се случува во нивните општини. Второнаградена е разгледницата за некогашното кино, на Стефан Митиќ, додека третото место го освои разгледницата за Тетово, на Тијана Аврамоска.

Најдобрите разгледници ги бираа нашите читатели преку лајкови на Фејсбук, заедно  со жирито од Радио МОФ. Конкурсот започна на 21 јуни , а испраќањето на разгледниците траеше до 28 јуни, на пладне по што беше отворено гласањето. Во предвид беа земени сите лајкови кои  беа дадени до денеска, 30 јуни, напладне.

Првонаградената разгледница ќе добие Action camera, втората JBL speaker и третата Power bank.