„Добар проект“, аукција на делата на Руки Чуки, Ване Костуранов и Индог

Делата на Руки Чуки, Индог и Ване Костуранов ќе бидат предмет на аукција во среда (6 април). Аукцијата ќе биде отворена во 19 часот, во Јавна соба.

„Добар проект е платформа преку која сакаме да дадеме финансиска и морална поддршка на исклучително талентираните деца во Македонија. А, ќе им помогнеме така што они ќе ни кажат што најмногу им треба: одење на натпревар, посетување на некоја специјализирана школа, одење на часови кај врвен експерт.

Да се биде на врвот е исклучителна, макотрпна и ретка работа. За тоа треба да се има талент, капацитет, упорност и да се вложи многу труд. Но… потребни се и средства да се оди по натпревари, да се мери силата, да се учи од најдобрите.

Замислете, ги има овие ретки бисери и во нашата околина… Тие имаат крилја“, се вели во најавата за настанот.