„До кога?” – филм за проблемите на тетовци

Документарно-репортажниот филм „До кога?“ е изработен во рамки на локалната кампања „Тетово – еден град за сите”, со цел да ги афирмира заедничките потреби на граѓаните од Тетово, без разлика на нивната етничка, религиозна, политичка или друга припадност.

„До кога?" - краток филм за проблемите на тетовциНиз краткометражниот филм се прикажани проблемите со водоснабдувањето, кучињата скитници, паркинг просторот, сообраќајниот метеж и нечистотијата во градот. Покрај граѓаните на Тетово, во филмот се интервјуирани и претставници од локалните институции кои се одговорни за решавање на проблемите во општината.

Режисер на филмот е Глигор Кондовски, а во негова реализација учествуваа и Тоде Секуловски, Елена Мишевска, Магдалена Новеска и Игор Стаменковски, членови на Медиа/Арт клубот при Младински образовен форум во Тетово.

Локалната кампања се спроведува во рамките на проектот „Млади промотори на слободата на изразувањето”, поддржан од ЕУ преку европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младински образовен форум.