ДНК анализа за решавање на проблемот со изметот од миленици по шпанските улици

Сопствениците на кучиња во град на северот на Шпанија кои мислат дека ќе минат неказнето кога го остваат изметот на улица зад своите кучиња, наскоро би можеле да бидат пронајдени и казнети со користење на ДНК анализа.

Во заедничка соработка на властите на градот Tarragona и локалните универзитети Rovira и Virgili, се работи базата на ДНК за кучињата во градот која ќе биде неопходна за пронаоѓање на неодговорните сопственици. Како што објаснува Ivana Martinez, советник за јавни простори, во моментов е тешко полицијата да се справи со нередот кој сопствениците го оставаат зад своите кучиња, освен ако тие не бидат фатени и казнети на самото место.

Со новите мерки, неодговорните сопственици, покрај казната, ќе треба да ги платат и трошоците за ДНК анализата, додава таа.

Сличен план како пилот проект беше спроведен и во источен Лондон, пишува Independеnt, каде за кучињата е изготвена посебна база на информации. Надлежните се надеваат дека оваа иницијатива ќе ги одврати сопствениците да остават неред зад своето куче со тоа што воведуваат забрана за шетање на милениците во паркови и други јавни простори доколку не се регистрирани во ДНК базата.

До април 2016 година е задолжителнo сопствениците да вградат микрочип во нивните кучиња. Таа ќе содржи лични податоци за кучето, ДНК и информации за сопственикот, со што ќе се олесни работата на полицијата.