ДЛУМ ја отвора изложбата „МиниАРТура“ со 34 уметници

Изложба „МиниАРТура“ на Друштвото на ликовни уметници ќе биде отворена денеска (10 декември) во Уметничкиот центар Арт Хаб, во Градскиот трговски центар.

„МиниАРТура“ претставува уште еден уметнички предизвик, за врвните мајстори на четката и палетата кај што минуциозноста на потегот, обезбедува висок личен квалфикатив. Покрај традиционалната минијатурна уметност, каде што покрај умешноста во намалувањето на фигуративните ликовни елементи, има и дела поблиски до апстракцијата или различни стилови на современата визуелна уметност денес.

На изложбата учествуваат 34 автори членови на ДЛУМ: Александар Јанев, Ана Спасова, Ана Темкова, Ангелца Стоиљковиќ, Андријана Мациев, Валентина Илијевска, Ванчо Јаков, Давор Кешќец, Дејан Иванов-Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Емилија Божиновска, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Зулејха Али, Ива Станковска, Ивона Велковска, Игњат Шќекич, Илина Арсова, Јовица Мијалковиќ, Кирил Геговски, Љубица Мешкова Солак, Љупчо Бојаров, Маја Димитрова, Марија Светиева, Марјана Костојчиновска Узунчева, Мирјана Крстева Масети, Перо Кованцалиев, Петра Јовановска, Силвана Атанасовска, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска, Филип Цаковски.

За изложбата „МиниАРТура“, што ќе биде отворена до 20 декември, од страна на Друштвото на ликовни уметници по дванаесетти пат се додели наградата „Златна четка“ на авторот Ана Спасова.