ДКЦ „Карпош“ најави изложба на предмети од најмалиот етномузеј во светот

По повод патрониот празник кој го прославува на 6 јуни, Детскиот културен центар „Карпош“ вечерва ќе организира изложба на која ќе бидат претставени предмети од најмалиот етнолошки музеј во светот.

Со изложбата воедно ќе бидат одбележани 25 години постоење на најмалиот етномузеј на Симеон Златев-Моне, од тетовското село Џепчиште.

Како што соопшти ДКЦ „Карпош“, Целта на изложбата е членовите да се запознаат со дел од културното наследство на Македонија.