Дизни објави видео со кое потврди дека сите филмови на Пиксар се поврзани

Со години, фановите на Пиксар шпекулираа дека сите филмови на студиото на Дизни постојат во истиот кинематички универзум.

Во видео објавено на официјалната Фејсбук страна на филмот Toy Story, Дизни ја потврди теоријата на обожавателите.

Почнувајќи со Finding Dory, клипот долг две и пол минути ги прикажува сите ликови кои се појавиле во филмови на Пиксар, кои не се од конкретниот филм.

На почетокот, главниот лик од Inside Out се појавува во аквариумот во Finding dory. Од Inside Out, продолжува на The Good Dinosaur, преку фосил од стиракосаурус, а оттаму на Monsters, Inc. преку играчка-диносаурус.

Понатаму, во видеото се споменати сите анимирани филмови на Пиксар, меѓу кои Wall-e, Ratatouille, Cars, Toy Story, Bug’s Life, The Incredibles, и други.