„Дизни“ им воведе предупредување за расизам на класичните цртани филмови

При гледање на цртани филмови за платформата за стриминг „Дизни+“, цртаните филмови како „Дамбо“, „Петер Пан“ и „Книга на џунглата“ започнуваат со предупредување за стереотипна содржина.

„Оваа програма вклучува негативна претстава и/или погрешно третирање на луѓето и културите. Ваквите стереотипи биле погрешни тогаш, а погрешни се и сега“, се вели во назнаката.

Назнаката информира дека наместо целосно бришење на навредливата содржина, компанијата цели кон означување на истата, за да може да служи како поука која ќе отвори дебата и ќе постави темел на поинклузивна иднина.

Останатите цртани кои го имаат ова предупредување се „Дипломачки“, каде е прикажана мачка со жолто лице како свири на пијано со кинески стапчиња, и „Петер Пан“, каде американските домородци се именувани „црвенокожци“.

Цртаниот филм „Маза и Луња“ исто така има назнака за расизам бидејќи во неколку наврати прикажува расно и културолошко стереотипизирање“.

„Дизни“ за прв пат вакви назнаки воведе во ноемри минатата година, но тие беа поблаги.

„Оваа програма е прикажана како што оригинално е создадена. Таа може да содржи застарени културолошки портретирања“, гласело тогашното предупредување.

За разлика од предупредувањата, некои филмови како „Песната на југот“ беа целосно отстранети за стримиг од платформата.

И студиото „Варнер Брос“  воведе назнака за „етнички и расни стереотипи“ на дел од своите цртани филмови.

„Иако овие цртани филмови не го отсликуваат денешното општество, тие се прикажуваат во својата оригинална форма. Нивното адаптирање би било исто со тврдењето дека ваквите предрасуди никогаш не постоеле“, се вели во назнаките на студиото.

Извор: BBC