„Дизмаленд“ ќе стане стане засолниште за бегалците

Англискиот уметник и активист Banksy е актуелен со својот проект, тематскиот парк кој го нарече „Дизмаленд“. Паркот привлече огромен број на посетители, а минатата недела беше затворен по пет недели.

Меѓутоа, Banksy објави на веб-страницата на „Дизмаленд“ дека сака да ја подигне свеста за бегалската криза и да ја поттикне Европа да ги направи потребните потези. Сите инсталации од „Дизмаленд“ ќе бидат преместени во пристанишниот град Кале, во северна Франција, кој сега е дом на 3 500 бегалци.

Тој објави дека сите инсталации од тематскиот парк ќе бидат искористени за изградба на засолништето во Кале. Овој мал град е познат по тоа што имал важна улога во Втората светска војна, кога преку него се повлекувале поразените англиски и француски војски.

Во паркот, покрај големиот број на општествени теми кои беа опфатени, можеа да се видат и инсталации инспирирани од бегалската криза. Banksy им одаде почит на бегалците, на малку необичен начин, со возење на брод по примерот на „It’s a Small World“ во „Дизниленд“. Во паркот, настапуваше и женскиот панк состав „Pussy Riot“ кои ја испеаа песната „Refugee“. („Бегалци“).

Од самиот почеток, паркот на Banksy привлече огромно внимание, што им заработи на угостителите 20 милиони фунти.