Dismaland им заработи на угостителите 20 милиони фунти

Антикапиталистичкото уметничко шоу на Banksy, Dismaland, ги затвора своите врати во недела. Но, иронично е тоа што областа во која се одржува заработи 20 милиони фунти благодарение на него.

Низ изминатите 5 недели, повеќе од 150.000 луѓе го посетија субверзивниот тематски парк во напуштен крајбрежен објект кој бил затворен од 200 година и се отвори повторно на 20 август.

Привременото уметничко шоу во летувалиштето Weston-super-Mare продаваше 4000 влезници на ден на интернет, со 500 други луѓе кои чекале ред со часови, често и на пороен дожд.

Dismaland е опишан како парк кој нуди „основно ниво на анархизам“ и со сатира ги исмева туризмот и индустриите на тематски паркови.

Но, токму туристичкиот бизнис на градот го „ожнеа“ приходот – заработиле дури 20 милиони фунти од посетителите, пишува на порталот Visit Somerset. Сумата е тројно поголема од што властите на Weston очекувале.

„Шоуто ги надмина сите наши очекувања“, вели John Turner од Visit Somerset. „Ова стана глобален феномен со огромна важност за регионот и истакнува колку може туризмот да биде значаен за локалната економија“.

Најголема заработка оствариле хотелите и приватните сметувања кои нудат ноќевање и појадок. Септември е вообичаено тивко, а ако е времето подобро, понекогаш капацитетите се половина полни. Но, во текот на Dismaland, речиси секој кревет во Weston бил изнајмен за секоја ноќ.

Хотелиерот Keith Fearn, кој е и претседател на Асоцијацијата на хотелиери на градот, рекол дека неговите два објекти биле преполни секоја ноќ.

„Хотелите беа позафатени од обично, а имаме и гости од сите странски земји, што е фантастично“, вели тој. „Мексико, Тајланд, Кина, Америка – од секаде“.

Fearn пресметува дека споредено со истиот период минатата година, дополнители 50000 ноќи беа беа распродадени во сите хотели во градот. Секој гост трошеше 150 фунти во просек секоја ноќ, што им донело околу 7,5 милиони.

Секој кој има и најмало парче земја на крајбрежкјето отворил привремен паркинг, а често наплаќле и по 5 фунти на час, што е поскапо од билетот за Dismaland, кој чини 3 фунти.

Иако сите ја забележале иронијата што шоуто кое треба да го исмева капитализмот всушност направи бизнисот во градот да цвета, Banksy вели дека го одбрал Weston бидејќи „одел таму секое лето дури не наполни 17 години“.

Извор: BBC