Казна од 3.000 евра изречи Државниот инспекторат за животна средина за запалена депонија во Велес, по надзор извршен на 29 јули.
Инспекторатот издал и наредба за дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор на локацијата, согласно Законот за управување со отпад.
„Известување до сите потенцијални загадувачи дека Инспекторатот повеќе не дава опомени, туку преминува директно на санкции. Нема оправдување за пожарите на депониите, бидејќи граѓаните не смеат да дишат загаден воздух“, истакнуваат од ДИЖС.
Оттаму информираат дека продолжуваат со надзори на општинските непрописни депонии во: Пробиштип, Охрид, Струмица, Берово, Ново Село, Русино и секаде кадешто комуналните претпријатија не постапуваат согласно закон.