Дизајнирани прегратки за Светскиот ден на гушкањето

Македонските креативци ќе даруваат прегратки за одбележување на Светскиот ден на гушкањето. Настанот е закажан за утре (21 јануари) кога ќе се одржи големата донаторска изложба во Концепт 37.

Дизајнирани прегратки за светскиот ден на гушкањето

,,Дизајнирани прегратки’’ e настан во организација на Млади за љубов, кој обедини 15 домашни дизајнерски имиња во проектот за прослава на хуманоста и радоста. Организаторите ветуваат многу креативни изненадувања, а изработките од дизајнерите ќе се продаваат по симболична цена за помош на продавачите од ,,Лице в Лице’’.

Со своите дела ќе се претстават Ирина Тошева, Преплет, Ind Og, Нина Симовска – Just because, Омајгад, Hard to explain atelier, Flim, Тхе Мичо, Design & berries, Наке Батев, Ивана Батев, Фросина Илиевска, Стефани Павловска и Филип Конески. За музиката пак на настанотзадолжени се Game Over и Чваре.

Одберете си прегратка, подарете насмевка, порачуваат членовите на здружението „Млади за љубов“, кои веќе 5 години ја спроведуваат кампањата „Гратис Гушкање“.

Донаторката изложба се отвора во 8.30 часот.