Дизајнирана програма со која луѓето можат да контролираат роботи со очите

Научници од лондонскиот Imperial College развија компјутерска програма која овозможува луѓето да ги контролираат движењата на роботите со своите очи.

Оваа технологија, твдат научниците, им помага на луѓето да го прошират распонот на своите способности и да извршуваат повеќе од една задача истовремено.

Sabine Dziemian, студентка на постдипломски студии, демонстрираше како со помош на оваа технологија може да слика, контролирајќи го роботот со движењата на очите, додека јаде кроасан и пие кафе.

Според нејзините зборови, оваа компјутерска програма овозможува прецизно користење на роботичката рака, дури и кога рацете се зафатени со нешто друго.

Оваа технологија ви можела да биде револуционерна за луѓето кои имаат дегенеративна болест, како мултиплекс склероза или Паркинсонова болест.

Извор: Al Jazeera Balkans