Дизајнерски лампи на Бојан Кртолица и музиката на June во „Concept 37“

Утре (четврток, 28 ноември), со почеток во 20.30 часот во Concept 37, ќе се одржи промоција на најновата серија лампи, креирани од македонскиот дизајнер и мултимедиjален уметник Бојан Кртолица


Поставката лампи „Waxlamp“ за првпат беше претставена пред македонската публика минатата година, како дел од групната изложба во рамките на „Skopje Design Week“. Ова е прва независна промоција од ваков тип.

Станува збор за концептуален дизајнерски производ – лустер, изработен целосно од пластика (поликарбонат). Уникатноста на овој производ ја прават широката палета и можноста за варијации во однос на дизајнот, начинот на кој е запакуван и начинот на негово склопување/составување. Се работи за DIY ( do it yourself ) концепт, при што идејата е купувачот на некој начин да се инволвира во целата приказна, за на крај, во неколку чекори, да може сам да го состави.

Настанот ќе биде збогатен со настап на скопскиот поп-фолк бенд – „June“,  кој во два блока од по половина час ќе се претстави пред скопската публика со нов материјал.