Дизајнер направи лого од органите што се оштетуваат при пиење на Кока Кола

Дизајнерот Фабио Пантоја од Никарагва признава дека е зависник од Кока Кола. Тој вели дека честотот пиење Кока Кола му влијаело на здравјето, така што решил да направи лого со поинаква порака. Буквите од логото се претставени со органите и деловите од телото кои се оштетуваат при конзумирање преголема количина на Кока Кола.

„Покрај критика за Кока Кола, ова е критика и за себеси, да видам дали конечно ќе можам да престанам да го пијам овој отров засекогаш“, вели дизајнерот.