Дизајн на мебел со помош на магнети

Столчињата на холандскиот дизајнер на мебел Јолан ван дер Вил се создадени само со помош на магнети. Тој за нив освои повеќе дизајнерски награди и се афирмираше, објави Дојче веле.

Дизајн на мебел со помош на магнети

Столчето кое изгледа како да е растение е составено од состојките: алуминиумско тавче, три магнети, пластична маса и железен прашок. Потоа настануваат ногарки за столчето и тоа само со помош на магнети.

„Природната сила создава форми кои се далеку помоќни, отколку што можам да ги замислам. Се случува за неколку секунди да се креира ваков објект, а ако ги дизајнирав во програми за 3Д моделирање ќе ми требаше една година или уште подолго“, вели Јолан.

Без разлика дали се столчиња или свеќници, по 20 минути материјалот се стврднува. Секој објект е уникатен. Подготовката е најкомпликуваната фаза.

„И во семејството мораш да се погрижиш за децата да пораснат. Тоа бара многу работа. Исто е и овде – мораш да создадеш добри услови а тоа е многу работа, но ако се заврши, тогаш нештата можат можат да растат сами од себе“, вели тој.

Јолан сакаше да ја искористи силата на природата за дипломската работа на академијата за дизајн во Амстердам и така настана „Гравити стул“ – столчето. Најголемиот дел од моделите на дизајнерот се инспирирани од природата.

„По ова би сакал да развијам нова машина која ќе овозможи да се креираат маси, но би сакал да работам и со други природни сили. Сметам дека ова е само почеток на многу нови начини на производство“, додава Јолан, чие гравитациското столче освои повеќе награди за дизајн.