„Дивата страна на Преспа“ – предавање на МЕД во Ресен

Во понеделник (11 март) Македонското еколошко друштво – Ресен, во соработка со Општина Ресен организираат предавање наречено „Дивата страна на Преспа – Птици“.

„Повторно ќе зборуваме за неопходноста за вршење на континуиран мониторинг, овој пат со посебен осврт на птиците, особено оние кои ги населуваат влажните станишта во Преспанското Езеро и неговата околина“, најавија организаторите.

Предавањето ќе започне во 13 часот, во големата сала на општината.