Дислоцирањето на носорозите во Непал низ фотографии

Голем дел од носорозите во Националниот парк Читуан се успешно преселени во новиот дом, Националниот парк Бардиа. Возрасниот мажјак, прикажан на фотографиите во продолжение, е меѓу првите од 30 носорози кои треба да се дислоцираат во следните две години, со цел да се обезбеди уште една жива популација и да се достигне поранешното ниво на носорози.

За дислоцирањето е ангажиран тим од истражувачи, кои прво ги наоѓаат носорозите во паркот, а кога ќе успеат да стигнат до нив, ги погодуваат со седатив за полесно да ги транспортираат. Нивното преселување е од суштинско значење за да се обезбеди стабилна популација, а за таа цел, се користат 33 слонови и се вклучени 250 луѓе.

Од почетокот на годината, до сега, биле дислоцирани пет носорози, а до крајот на 2018 година се очекува да се дисплоцираат преостанатите. Проектот го предводи Министерството за шумарство и заштита на почвата, со поддршка од Националниот фонд за заштита на природата, војската и локалната заедница.

Во продолжение, е прикажан процесот на дислоцирањето на носорозите во Непал.