Дискусија „Замисли си желба за квалитетна младинска политика“ утре во „Шортбас“

На 12 август (утре, вторник), со почеток во 12 часот во кафе-бар „Шортбас“, а по повод интернационалниот ден на млади, Младински образовен форум (МОФ) организира едночасовна дискусија насловена „Замисли си желба за квалитетна младинска политика“.

„Покрај тоа што е Интернационален ден на млади, оваа година на 12-ти август најјасно ќе може да се забележи метеорскиот дожд на Персеидите, па одлучивме да ја искористиме метафората – замислување на желби за подобри младински политики и поактивно вклучување на младите во овие прашања, особено во период формирање на нова влада, законодавен дом и надлежни ресорни министерства“, соопштуваат од МОФ.

Дискусијата ќе опфати теми важни за младите, почнувајќи од квалитетно образование, вработување и отселување, сексуално образование, па се до ментално здравје, и младинско учество. Идејата е да се изработи листа на препораки кои ќе се достават до надлежните институци од новата Влада и Собранието како ново-конституираниот законодавен дом.

Настанот ќе вклучи 5 говорници од: МОФ, ХЕРА, Универзитетско студентско собрание, Го Грин и Националниот младински совет.