Дискусија за политичката криза во Македонија и граѓанското учество во преговорите

„Може ли политичката криза во Македонија да се надмине без граѓанско учество во преговорите и спроведувањето на политичкиот договор?“, е темата на дискусијата која ќе се одржи денеска (18 јули), во Мобилната галерија во Парк на Франкофонијата.

Дискусијата почнува во 19.30 часот, а говорници се Сашо Орданоски, Стево Пендаровски, Марјан Забрчанец, Суад Мисини и Мaриглен Демири. Модератор е Жарко Трајаноски.

Со оваа завршна расправа, која е дел од поширокиот концепт за „Поттикнувања култура на критичко мислење, пишување и дебатирање“, треба да се отворат клучните прашања за понатамошната иднина на Македонија како еманципирана, демократска земја која почива врз граѓанските принципи и механизми за демократизација на општеството, врз владеењето на уставот и правото и врз партиципативните граѓански модели на управување со клучните општествени сегменти.

 

„Поттикнување култура за критичко мислење, пишување и дебатирање“ е партнерски проект на Здружение на граѓани „Контрапункт“ – Скопје и Здружение на граѓани „Есперанца – Светски културен центар“, Скопје, кој се реализира со поддршка од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија и од страна на Советот за глобална соработка.