Дискусија за населување и развој на селата во АКСЦ

Поттикнати од желбата за здрава исхрана, живот во здрава средина и економска слобода, Здружението „Еко заедница Родина“ организира настан кој има за цел да покрене јавна дискусија за населување и развој на селските средини.

Настанот ќе се одржи во петок (25 септември) со почеток од 19 часот, во просториите на Автономниот културен социјален центар (АКСЦ).

„Дискусијата ќе започне со презентација на целите и проектот на Здружението од страна на негови претставници. На настанот се поканети сите кои се заинтересирани да се вклучат во негово реализирање, или кои едноставно сакаат да слушнат/споделат конструктивни идеи“, стои во официјалниот Фејсбук настан.