Дискусија за младински политики меѓу средношколци и пратеници

Kолку средношколците се општествено ангажирани и вклучени во граѓански иницијативи? Како Собранието на РМ ги регулира општествените прашања коишто ги засегаат младите луѓе и училиштата? Дали во овој процес се црпат и дискутираат предлози и решенија на средношколски здруженија?

Ова се дел од темите за кои ќе се разговара на дискусијата за младински политики меѓу средношколци и пратеници, што ќе се одржи утре во 12:30 часот во СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Воведничари на Дискусијата ќе бидат пратениците Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Нора Алити од ДУИ, а ќе присуствуваат ученици од повеќе средни училишта во Скопје. Дискусијата се реализира како дел од проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.