Дискусија за медиумска писменост на средношколци и на родители

Средношколскиот весник „Медиум“ организира Дискусија за медиумска писменост на средношколци и родители, која ќе се одржи во СУГС Гимназија „Никола Карев“ во четврток во 19:00 часот.

Дискусија за медиумска писменост на средношколци и на родители

На дискусијата ќе се говори за критичките размислувања за она што се гледа на телевизија и за проблематичните содржини во филмовите, а ќе се отворат прашања и за заштитата на приватноста при социјалното вмрежување со стотици (не)познати луѓе, како и дали мобилните технологии и видео игрите се само забава или ја зајакнуваат креативноста и интеракцијата.

На дебатата организирана од весникот „Медиум“ се поканети и родителите за заеднички да се дојде до корисни совети како да се постават соодветни правила и граници во користењето на медиумите.