Дискусија: Стручност или партиски врски – кој се вработува во јавната администрација?

Дали е потребна стручност за вработување во јавната администрација, или соодветната партиската книшка е главниот услов? Колку јавните службеници се квалификувани за работата што ја имаат и што се случува со најавените реформи во овој сектор? Како до поефикасна општинска администрација?

На темата „Стручност или партиски врски – кој се вработува во јавната администрација?“ во студиото на Радио МОФ ќе дискутираат професорот Драган Гоцевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Јелена Пероска, генерален секретар на ЏЕФ Македонија.

Дискусијата ќе се одржи во студиото на Радио МОФ, во вторник (30 октомври) во 14 часот. Дискусијата ќе се пренесува во живо на Радио МОФ, со директен пренос на Фејсбук.

Во текот на дискусијата ќе бидат претставени и наодите од последното истражување на ЏЕФ Македонија, за функционирањето на администрацијата и општинските вработувања во Делчево, Охрид и Струга.

Следете нѐ!

Оваa дискусија се работи во рамките на проектот „Ништо друго не е важно? Случаи на корупција во вработувањето на јавните службеници во локалните самоуправи во Македонија“ поддржан од страна на Метаморфозис, Фондација за интернет и општество во рамките на проектот ACTION SEE. Мислењата и ставовите наведени во ова неа се целосно на авторите и не ги одразуваат мислењата и ставовите на донаторот.