„Сексуалното и репродуктивно здравје и правата на маргинализираните заедници” е темата на денешната дискусија што ќе се одржи во кампот поставен пред Владата.
Во дискусијата ќе учествуваат Елизабета Божиноска од Х.Е.Р.А, Наташа Бошкова од Коалиција за сексуални и здрaвствени права на маргинализирани заедници, Милена Стевановиќ од Инфеκтивна κлиниκа и Велимир Савевски, исто така од Х.Е.Ρ.А. Модератор на дискусијата ќе биде Мила Царовска.
Вечерва, од 20:30 часот, во улога на диџеј кој ќе пушта музика е Вики Младенова.
Денеска е 28 ден од поставувањето на шаторите пред владиниот објект. Според граѓаните и активистите кои кампуваат, шаторите ќе останат додека сегашната Влада не си поднесе оставка и не се формира преодна Влада.