Дискусија пред Влада: „Волонтерство: неплатена или злоупотребена работна сила?”

„Волонтерство: неплатена или злоупотребена работна сила?” е темата на денешната дискусија во кампот поставен пред Влада, на 45-иот ден од поставувањето на шаторите пред владиниот објект.

Дискусијата е со почеток од 19 часот и свои обраќања ќе имаат Тоше Зафиров од Институтот за социјална демократија „Прогрес“, Златко Талевски од Младинскиот културен центар во Битола, а  модератор на дискусијата ќе биде Сашо Додовски, исто така, од Младинскиот културен центар во Битола.

Од 20: 30 часот, во кампот ќе се одржи музички блок со пуштање на скопски шлагери по избор на активисти од иницијативата „Го сакам ГТЦ“.