Дискусија пред Влада: Енергетската сигурност на РМ и идните чекори за развој на енергетиката

„Енергетската сигурност на РМ и идните чекори за развој на енергетиката” е темата на денешната дискусија во кампот поставен пред Влада, на 29-тиот ден од поставувањето на шаторите пред владиниот објект.

Во дискусијата ќе учествуваат др. Атанаско Тунески, универзитетски професор, Митко Андреевски, претседател на комисија за енргетика во СДСМ и политичарот Васко Ковачевски.

Од 20:30 часот, во кампот ќе има фанк музика што ќе ја пушта B!zarre.

Граѓаните кои речиси еден месец кампуваат одлучно остануваат се додека Владата не си поднесе оставка или не се формира преодна Влада што ќе ги претставува реалните интереси на граѓаните.