Дискусија на тема „Литературата во време на конфликт“ денес во Чифте амам

Дискусијата и книжевното читање на тема „Литературата во време на конфликт“ ќе се одржи денес (18 ноември) во Чифте амам во Скопје во почеток во 18:30 часот.

„Кое е местото на литературата во светот раскинуван од војни, општествени судири и политички превирања? Колку литературата може да биде слободна во светот кој интензивно станува не-слободен? И што уметноста и литературата всушност прават со својата слобода?“, се дел од прашањата на кои ќе се разговара.

Модератор на настанот е Владимир Јанковски, а учествуваат Никола МаџировЕлифе Красниќи од Косово, Сергеј Лебедев од Русија и Аријан Лека од Албанија.

Дискусијата е дел од втората „Дебатата за Европа“ која се одржува во Скопје, по „Дебатата за Европа во Софија“ одржана во февруари и „Разговорите за војната и мирот“ во Белград оваа есен.

По разговорот, четворицата писатели ќе прочитаат извадок од свои книжевни дела во кои на книжевен начин се осврнуваат на некои од прашањата и темите отворени во дискусијата.

Настанот е во организација на „Контрапункт“ – асоцијација за поттикнување, развој и промоција на нови уметнички и културни практики.