Дискусија на тема „Колонизација на Марс – сон или закана?“

Средношколската иницијатива „Орце Talks“ организира нова дискусија, овој пат на тема „Колонизација на Марс – сон или закана?“, која ќе се одржи на 27 февруари (четврток) во 18:30 часот во просториите на СУГС „Орце Николов“ во Скопје.

Ова е втор ваков настан за годинава, на кој ќе се отвори дискусија за планетата Марс – поточно, нејзино колонизирање.

Што всушност претставува колонизирање? Дали е возможно? Кои луѓе заслужуваат да одат на Марс и да ја започнат колонизацијата? Што се случува после колонизирањето? Дали ќе престанеме да ги трошиме ресурсите на планетата Земја? Дали таа ќе стане резервна планета? Ова се дел од прашањата кои ќе бидат начнати на дискусијата.

Пријавата за присуство е достапна на следниот ЛИНК.