Дискусија „Како културата ги обликува општествата (во Европа)“

Амбасадата на Шведска вечерва во 19 часот во „Јавна соба – Центар за дизајн и иновација“ организира панел дискусија на тема „Како културата ги обликува општествата (во Европа)“.

Панел дискусијата ќе ја модерира новинарката Ана Јовковска, а панелисти ќе бидат шведскиот филмски и културен критичар кој пишува за најголемиот дневен весник во Шведска „Свенска Дагбладет“ и воедно режисер, Хинек Палас, заедно со Искра Гешоска и Вангел Ноневски.

Панелистите со публиката ќе разговараат за тоа како културата може да влијае врз општествениот живот, колку таа може да делува како подгревач или исцелувач на национализмот, дали културата може и треба да биде политички (не)коректна култура, како и каде се движи културата на Европа, во светло на миграциските текови од последните години.