Дискусии, дебати, работилници и концерти – програма на Скопје Креатива 2015

Презентации, предавања, панел дискусии, концерти, работилници и дебати – ова се дел од настаните кои посетителите на фестивалот на креативни индустрии, Скопје Креатива 2015, ќе можат да ги проследат во петте фестивалски денови.

Преку ден ќе се одржуваат настани од областите на модниот, индустриски и графички дизајн, филмски и видео перформанси, маркетинг на креативни индустрии и мултимедијални содржини, а навечер посетителите ќе можат да уживаат со музиката на PMG колектив, Зоки Бејбе и српскиот алтернатив рок/реге бенд Канда, Коџа и Небојша.

За најмладите, Скопје Kреатива организира работилници за развивање на креативноста. Организаторите велат дека овој нуди иновативен концепт на културната сцена со различен пристап во размената на искуство, кој значи поттик за младите креативци и креативните индустрии.

„Скопје креатива полека гради позиција на проект кој е од особено значаење за младите македонски креативци, преку кој им се нуди одлична шанса за промоција, што е едно од главните приоритети за нас – организаторите. Значително проширување на програмата со учесници и проекти од странство придодава меѓународен карактер, што е исто така цел на која и посветуваме големо внимание. Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на уште еден одличен фестивал“ , вели Тања Балаќ, раководителот на Секторот за култура на Град Скопје.

Според Лазе Трипков, програмскиот директор на Скопје Креатива 2015, ова ќе биде поинакво доживување од останатите слични проекти. Официјалното отворање на фестивалот ќе се одржи утре на Плаја Виста(веднаш до лизгалиштето Кале) во 20.00 часот, при што ќе се одржи презентација на 10 изложби, дружење со гостите и учесниците, како и настап на PMG колектив и DJ Зоки бејбе.

Целосната програма на фестивалот може да ја погледнете овде.