„Диско треска“ во МОБ за Василица

Македонската опера и балет најави гала концерт по повод празникот „Василица“ насловен како „DISCO FEVER“.

Годинава, публиката че има можност за незаборавно уживање со изборот од најдобрите диско хитови од 70′ години во целосно нови симфониски аранжмани.

„Македонската опера и балет, со огромно задоволство најавува ’Диско треска’ на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот“, соопштија организаторите.