Директор на Гугл скокна од работ на вселената

Еден од извршните директори на Гугл, Ален Јустас, скокна од работ на вселената и го проби звучниот ѕид и со тоа го собори рекордот што пред две години го постави Феликс Баумгартнер.

Директорот на Гугл скокна од работ на вселената

Тој вчера во апсолутна тајност скокна од височина од речиси 42 километри и постави нов рекорд, само две години по рекордот на Феликс Баумгартнер, кој сколна од височина од 39.044 метри, пренесе МИА.

Јустас (57), кој самиот го финансираше овој потфат, скокна од неверојатните 41.842 метри, а скокот од работ на вселената до тлото траел 15 минути, јавуваат агенциите.

Тој вчераутро, по локално време, со балон наполнет со хелиум, од Ново Мексико се искачил до стратосферата, од каде скокнал, а додека паѓал се движел со брзина поголема од 1.300 километри во секунда.

Тој носел специјално дизајниран скафандер, додека Баумгартнер се искачикал со капсула. Подготовките за овој потфат траеле 34 месеци.