Директорот на фотографија Наум Доксевски награден за филмот „Враќање“ во Грузија

Директорот на фотографија Наум Доксевски, ја освои наградата Golden Eye во категоријата Најдобара студентска работа, на фестивалот за филмски и ТВ сниматели, кој викендов се оддржа во Тлибиси, Грузија, за својот дипломски краткиот игран филм „Враќање”.

Во категоријата Најдобра студентска работа, покрај „Враќање”, беа номинирани уште два краткометражни играни филмови од Унгарија и Германија. За доделувањето на оваа награда, на Доксевски, одлучуваше жирито составени од Hiro Narita, член на американската асоцијација на кинематографери и директор на фотографија на филмовите Star Trek , Hocus Pocus и др.; Max Mestroni, организатор на Movie festival од Италија; John Henshall, заменик претсетдател на Здрушението на телевизиски сниматели во Велика Британија.

Фестивалот се одржува седма година по ред и покрај доделувањето на наградата негов составен дел се и презентации на опрема за снимање, мастер класови со специјални гости, проекции на селектираните филмови во секоја од категориите. На претходните изданија на овој фестивал учествувале реномирани директори на фотографија кои ги снимале филмовите на Martin Scorsese, Quentin Tarantino, Nicholas Meyer, Robert Rodrigez.

Доксевски е дипломиран филмски и ТВ снимател во класата на проф. Апостол Трпески на Факултетот за драмски уметности во Скопје.  Како директор на фотографија досега има потпишано пет краткометражни играни и неколку документарни филмови.

„Враќање” е краток игран филм на режисерката Дина Дума, а е во продукција на Факултетот за драмски уметности од Скопје и е реализиран со буџет од Агенцијата за филм на Р. Македонија. Кастот го сочинуваат: Ивана Павлаковиќ, Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Ивица Димитријевиќ, Софија Куновска, Никола Ристановски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Аксел Мехмет и Александар Вељановски.

Филмот досега бил прикажан на над 30 фестивали ширум светот и има освоено повеќе награди за најдобар филм и за најдобра камера.