Директорот на „Airbnb“ предвидува дека бизнисот ќе се стабилизира, додека отпушти една четвртина од вработените

Иднината е светла за „Аirbnb“, сегашноста не толку многу.

Ова е предвидувањето на директорот Брајан Чешки кој во вторникот отпушти 25% од вработените во компанијата која доживеа пад во издадени објекти поради коронавирусот. Овие отпуштања се резултат на непредвидливи околности за компанијата која планираше оваа година да се појави на берзата со акции.

Пандемијата и нејзините разурнувачки ефекти ги променија плановите на „Airbnb“, компанија која наместо да се појави на берзата, отпушти 1,900 вработени.

Чешки ја признал сериозната состојба на компанијата, ветувајќи дека „Аirbnb“ ќе го врати својот сјај, ако не набрзо, тогаш барем во иднина.

„Колективно поминуваме низ највознемирувачката криза во нашите животи. И додека таа се шири, патувањето на глобално ниво се смирува. Знаеме дека како бизнис, „Airbnb“ ќе закрепне, меѓутоа промените што ќе ги претрпи не се привремени или краткотрајни“, напишал Чешки во соопштение од компанијата.

Со други зборови, тој е уверен дека бизнис моделот на компанијата е профитабилен, само не сега.

„Засега потребни се фундаментални промени во „Airbnb“ преку намалување на нашата работна сила и пофокусирана бизнис стратегија“, вели Чешки во соопштението.

Извор: Мashable