Новата директорка на средно училиште во Канзас си даде оставка откако ученици репортери го истражувале и го довеле во прашање нејзиниот степен на образование.
Управниот одбор на средното училиште во Питсбург ја прифати оставката на Ејми Робертсон во вторникот, откако таа изјавила дека нејзината одлука е „во најдобар интерес за областа, во однос на прашњата кои произлегоа“.
Главниот проблем се појавил околу нејзините квалификации за магистер и докторанд, ги стекнала на Универзитетот Корлинс, неакредитирано онлајн училиште. Робертсон рече дека ги примила нејзините дипломи пред универзитетот да ја изгуби акредитацијата.
„Таа требаше да биде на чело на училиштето и ние сакавме да се осигураме дека таа е квалификувана и дека има соодветни дипломи“, изјави средношколката Трина Пол, дел од уредништвото на средношколскиот весник.
„Ние откривме работи кои повеќето можеби не ги сметаат за легитимни“, додаде таа.
Надзорникот Дестри Браун ги пофали учениците новинари велејќи: „Го ценам тоа што нашите деца поставуваат прашања и не прифаќаат нешто само бидејќи некој им кажал“.
„Тие направија одлична работа со нивното истражување“, додаде.
Робертсон, која во моментов работи со консултантска фирма за образование во Дубаи, изјави преку мејл дека „немало проблем“ кога ги добила дипломите од Корлинс во 1994 година и 2010 година. Таа одби да коментира за прашањата поставени од учениците за нејзините квалификации. Таа само кратко одговорила: „Нивната загриженост не е базирана на факти“.
Универзитетот не одговори веднаш на прашањата на новинарите.
Браун изјави дека дистриктот, која обично не бара официјални записници се додека не се донесе одлуката за вработување, најверојатно, ќе го промени својот процес на проверка.
Советникот за новинарство во Питсбург, Емили Смит, рече дека е многу горда на нејзините ученици, додавајќи: „Тие немаа намера да натераат некој даде оставка или да направат некој да биде отпуштен. Тие напорно работеа за да ја откријат вистината“.