ДИК повикува да се проверите во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) ги повикува граѓаните да направат увид во своите податоци во Избирачкиот список и, доколку е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците.

Избирачкиот список, кој се става на јавен увид, е направен со податоци на граѓаните кои станале полнолетни заклучно со први февруари 2017-та година.

Јавниот увид, како што информираат од ДИК, може да се изврши на нивната официјална веб страница www.sec.mk и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, како и други подетални информации исто така може да се најдат на официјална веб страна.