ДИК одби два од осумте приговори на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и вечерва на протест

Државната изборна комисија со два гласа „за“ и седум „против“ отфрли два од вкупно осумтте приговори поднесени од СДСМ за спроведување на изборниот процес во Изборна единица 6 и 2.

Членовите на ДИК повторно се на пауза, а пред нивното седиште се зголемува бројот на приврзаниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ кои вечерва повторно се собраа на протест.

Пред зградата има поставено ограда, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Присутните велат дека сакаат да спречат да биде украдена изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. Улицата пред ДИК е затворена, а насобраните извикуваат „Уа“ и „Македонија“.

Комисијата претходно одби седум приговори на политичката партија Беса, а за еден приговор ќе се изјасни дополнително, откако ќе се направи графолошка анализа на една гласачка, која тврди дека некој друг гласал во нејзино име.